ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ВОЗАЧИТЕ

Овие Општи услови ги пропишуваат условите, правата и обврските кои се применуваат и ги регулираат односите помеѓу БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје како сопственик на платформата “Bif.today” и апликацијата “Bif.today-возач” и корисниците на апликацијата-возачи.

Доколу се одлучите да ја користите апликацијата, Ве информираме дека обработуваме лични податоци.За повеќе информации,Ве молиме прочитајте ја нашата Политика на приватност.

  1. ДЕФИНИЦИИ

.

1.12. bif надомест претставува надомест кој корисниците возачи на апликацијата “bif.today-возач” ќе го плаќаат на БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје за користење на апликацијата и “bif” услуги.

  1. BIF УСЛУГА
  1. РЕГИСТРАЦИЈА И ВЕРИФИКАЦИЈА НА АПЛИКАЦИЈАТА

По исклучок а со цел верификација на сметката на возачот, истиот се согласува, на барање на “bif” да достави документи и тоа лична карта, возачка дозвола и трансакциска сметка, а врз основа на барањето наведено во апликацијата. .

Се додека регистрацијата на возачот нема да биде верификувана од страна на сопственикот на апликацијата истиот нема да има можност да ја користи .

  1. КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТАBIF.TODAY-ВОЗАЧ“
  1. КОРИСТЕЊЕ ОЗНАКИ НА TODAY-ВОЗАЧ“АПЛИКАЦИЈАТА

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје може да побара од возачите да постават на возилото ознаки, етикети, налепници или друг вид рекламен материјал кои се однесуваат и укажуваат на користење на апликацијата „Bif.today-возач“. Ознаките, налепниците, етикетите или другиот материјал кој ќе биде обезбеден од БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје, се согласува и се обврзува да го поседува во секое време на возилото, а притоа доколку е потребно да прибави согласност од лицето кое е сопственик на возилото. По престанување со користење на апликацијата „Bif.today-возач“, односно по бришење на “bif” сметката од страна на возачот или од страна на сопственикот на апликацијата возачот ќе мора веднаш да го отстрани секој материјал кој е наведен во овој дел од условите и кој е даден од сопственикот на апликацијата.

  1. ВРШЕЊЕ УСЛУГИ НА ПРЕВОЗ НА ПАТНИЦИ

Возачот е обврзан да ги обезбеди и одржува сите потребни средства и опрема кои се неопходни за извршување на услугите на превоз на сопствен трошок, вклучувајќи ги трошоците за автомобил, паметен уред и други трошоци. Исто така, е одговорен и секој трошок што се јавува во текот на вршењето на услугите на превоз, како трошоците за гориво, за користење мобилен уред, за амортизација на возилото, за осигурување, за важечките даноци и други давачки, и т.н. Користењето на апликацијата „Bif.today-возач“ може да предизвика да се потроши голема количина на податоци во мобилен уред. Оттука, предлагаме да се претплатат возачите на тарифа на мобилен оператор која овозможува користење на податоци со неограничен или поголема количина.

Возачот има право да наплатува за секој превоз на патници што го прифатил преку апликацијата „Bif.today-возач“ и го извршува во корист на патникот, како што е побарано од самиот патник (Цена за превоз), кое нешто не е обврска на „Bif.today-возач“. Возачот е обврзан цената да ја утврдува и пресмета врз основа на важечата тарифа утврдена од надлежниот државен орган и орган на локалната самоуправа. Во зависност од категоријата на возило кое го поседува и со него врши услуга на превоз, ќе се утврди висината на една од двете можности за утврдување на цена за дадената услуга на превоз (со дозволен попуст или без дозволен попуст). На апликацијата „Bif.today-возач“ возачот се рангира во категорија на возила во согласност со дополнително утврдени правила. Во зависност од категоријата на возило се согласува да дава услуга на превоз со или без законски дозволениот попуст. Цената на превоз може да варира врз основа на повеќе околности како временски период, густина на сообраќај и слично.

  1. ОЦЕНКИ И АКТИВНОСТ

Со прифаќање на овие услови возачот се согласува патниците да даваат оценка за извршената услуга на опишаниот начин и се согласува со рангирање на апликацијата.

Рејтингот и просечната оценка е поврзана со „Bif “ сметката на возачот и e достапна на потенцијалните патници како дел од “bif” услугата. Исто така, на возачите им се овозможува увид во рејтингот и просечната оценка на патниците кои користат услуги на превоз преку апликациајта.

  1. ИЗВЕСТУВАЊА ЗА РАБОТА НА ПАЗАРОТ И КАМПАЊИ

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје може да испрати, преку апликацијата „Bif.today-возач“, SMS, e-пошта или други средства, известувања за побарувачка и активности на пазарот, кои се единствено препораки кои возачот може но не е обврзан да ги следи, а со цел поуспeшно вршење на дејноста и да зголемување на свеста за побарувачката на услуги на превоз. Бидејќи известувањата се засноваат единствено на претходно изготвени статистички податоци БИФ ТЕХНОЛОЏИ ДОО Скопје не може да даде гаранции дека актуелната состојба на пазарот ќе одговара на проценките дадени во известувањето.

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје исто така, повремено може да организира кампањи за возачите и за патниците. Во таков случај, „Bif.today-возач“ ќе ги извести возачите за конкретните услови на кампањата притоа внимавајќи да не бидат прекршени правилата кои се однесуваат на цената на превоз и да не се нанесе било каква штета кон возачите или патниците.

  1. ОДНОС ПОМЕЃУ ВОЗАЧОТ, TODAY-ВОЗАЧ“ И ПАТНИЦИТЕ
  1. ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје обработува лични податоци за возачот и за патниците. Возачот ги има на увид оние податоци од патниците кои ќе му биде овозможено од БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје да ги има на увид. Со регистрирање на “bif” корисничката сметка, возачот се обврзува со постапката, начинот и условите кои се дадени во политиката за приватност на „Bif.today-возач“.БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје собира лични и други податоци од возачите со нивна согласност а за исполнување на својот легитимен интерес и кои истите се согласуваат да ги сторат достапни преку креирањето на “bif” сметка на апликацијата „Bif.today-возач“, кое е образложено во политиката на приватност на апликацијата, а сето тоа заради непречено функционирање на апликацијата, планираното функционирање на софтверот и комуникацијата. Со цел да се обезбедат услугите на „Bif“, односно да се овозможи поврзување на патникот со возачот, БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ги собира и обработува лични податоци-геолошките локации на возачите додека ја користат апликацијата „Bif.today-возач“. Ова значи дека БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје ја следи гео локацијата на возачот и може да ја сподели преку апликацијата „Bif.today-возач“ на патникот кој има истакнато барање за добивање услуга на превоз а возачот се согласил извршување услуга на превоз за конкретниот патник, а тоа со цел да може да се изврши взаемно пронаоѓање на патникот и возачот, но и заради взаемна безбедност на корисниците на услугата на платформата „Bif.today“.Доколку возачот од било која причина ја избрише својата корисничка сметка, обработката на неговите лични податоци автоматски престанува и настанува бришење на личните податоци кои дотогаш биле собрани.

  1. ОДГОВОРНОСТ
  1. УРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ И ПРЕКИН НА СОРАБОТКАТА

Доколку “bif” сметката од страна на БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје биде избришана и блокирана, може да му забрани на возачот да регистрира нова “bif” сметка или да преземе други неопходни дејствија како би било забрането вршење на услуги на превоз спрема возачот преку апликацијата.

  1. ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА
  1. ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН И СУДСКА НАДЛЕЖНОСТ

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје со корисниците на апликацијата ќе настојува сите недоразбирања да ги реши на взаемно спогоден начин, на задоволство на двете страни. Доколку настане спор, надлежен за негово решавање ќе биде Основниот граѓански Суд Скопје. Возачите со регистрирање на апликацијта се согласуваат со оваа спогодбено утврдување на надлежноста на Судот.

  1. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
  1. РАЗНО

Неуспехот или одложувањето на било која од страните во спроведување на било што од овие услови нема да се смета за откажување од тој услов.

  1. ПОДДРШКА НА КОРИСНИЦИТЕ

БИФ ТЕХНОЛОЏИ КОМПАНИ ДОО Скопје, меѓу другите услуги, на возачите им обезбедува и корисничка поддршка во врска со користење на апликацијата „Bif.today-возач“.За корисничка подршка возачот може да се обрати на support@ bif.today.

  1. ПРОДАВНИЦА ЗА АПЛИКАЦИИ НА APPLE
  1. GOOGLEОДРЕДБИ
  1. СНИМКИ

Возачот, под никакви околности не смее да снима звучен или видео запис на било кое лице кое е патник и ја користи услугата на превоз.

21.НЕСРЕЌИ ИЛИ ДРУГИ ИНЦИДЕНТИ

Возачот е должен, во рок од 48 часа, да испрати известување до “bif.today-возач“ и тоа:

English version